Достапни линкови

Техеран сака разговори за нуклеарната програма


Техеран е подготвен за продолжување на разговорите со светските сили за неговата спорна нуклеарна програма, изјави главниот ирански преговарач за телевизијата Ал Алам. Тој рече дека Техеран подготви нова верзија на нуклеарниот договор што треба да служи како основа за разговорите.
Американскиот претседател Барак Обама му даде на Иран рок до крајот на месецов да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Западните земји се сомневаат дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG