Достапни линкови

Ребалансот на Буџетот изготвен


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Со 70 милиони евра помалку, ребалансот на Буџетот веќе е во Владата на разгледување. Но колку се реални владините проекции и дали надлежните ги земаа предвид забелешките на опозицијата и експертите при кратењето на расходите од народната каса?

Со 70 милиони евра помалку, ребалансот на Буџетот е во Владата на разгледување. Од Министерството за финансии се надеваат дека стапката на економски пад ќе биде 0,6 проценти.
Марјанчо Николов од опозициската СДСМ вели дека Владата не ги послушала опозиционерите кои не добиле копија од ребалансот на Буџетот.

„Очигледно дека не се прифатени во целост забелешките и на опозицијата и на експертите за кратење на расходите кои што не се продуктивни.“

Николов додава дека евентуалното опоравување на економијата во четвртиот квартал од годинава повеќе ќе се должи на светските
Меѓутоа лично сметам дека ќе беше подобро доколку Владата најдеше храброст да ги скрати буџетските приходи за уште поголема вредност, бидејќи секое кратење на буџетските приходи е реално намалување на даночното оптеретување кон приватниот сектор кој моментално се наоѓа во многу тешка ситуација
трендови:

„Не најави владата дека ќе преземе нови антикризни мерки и ако има, доколку има подобрување на состојбата во наредниот квартал тоа ќе се должи на подобрувањето на светската економија.“

Дел од експертите велат дека Владата и понатаму пласира оптимистички прогнози. Економскиот аналитичар Ден Дончев ја поздравува одлуката за кратење на расходите:

„Меѓутоа лично сметам дека ќе беше подобро доколку Владата најдеше храброст да ги скрати буџетските приходи за уште поголема вредност, бидејќи секое кратење на буџетските приходи е реално намалување на даночното оптеретување кон приватниот сектор кој моментално се наоѓа во многу тешка ситуација.“

Дончев појаснува дека евентуалното опоравување на македонската економија во голема мера зависи од реалниот сектор

„Треба да сме свесни дека ребалансот е намалување на приходите кои што државата ги зема од приватниот сектор. Приватниот сектор или реалната економија е таа што ја успорува економската вредност во државата, така што намалување на даночното оптеретување ќе биде позитивно но не доволно за менување на економијата.“

Инаку според прогнозите на Министерството за финансии, падот на бруто домашниот производ во третиот квартал, тргнувајќи од намалувањето на индустриското производство во јули за 20 проценти, се очекува да биде од 1 до 1,5 процент. Според неофицијални информации, ќе се кратат буџетите на сите министерства во земјава, не вклучувајки ја одбраната. Ќе се штеди на дневници, патни трошоци и сметки за телефон.
XS
SM
MD
LG