Достапни линкови

70 години од почетокот на Втората Светска Војна


Полски ветеран во Вестерплате

Полски ветеран во Вестерплате

На 1 Септември 1939 година, изутрината германскиот воен брод Шлезвиг – Холштајн отвори оган врз полската испостава на Вестерплате, каде беше сместен полскиот поморски арсенал. Две недели по германската инвазија, Советската армија ја нападна Полска од нејзините источни граници, според договореното од тајниот протокол на Нацистичко Советскиот Пакт.
.„Полска доби нож во грбот. Овој удар дојде од Болшевичка Русија, согласно Пактот Молотов – Рибентроп“

„Тогаш на овој ден, Полска доби нож во грбот. Овој удар дојде од Болшевичка Русија, согласно Пактот Молотов – Рибентроп“

изјави на денешната церемонија во Гдањск, полскиот Претседател Лех Качински. На цереминиите во овој град по повод 70- годишнината од нападот на нацистичка Германија врз Полска, со што беше почната Втората светска војна присуствуваат лидери од речиси сите европски држави, меѓу кои и од Германија и Русија. Според анкетите во полските весници, мнозинството пољаци веруваат дека Москва е еднакво одговорна со Берлин за почетокот на Втората Светска Војна. Во писмото до пољаците, рускиот премиер Владимир Путин ги повика на заедничко жалење и простување. Според Путин постојат проблеми кои во историјата треба да се разгледаaт внимателно со цел да се спречи овој вид на трагедија дa се случува во иднина, и со знаење на сите нијанси на историјата и со објективна перспектива, без наметнување на една точка на гледање на другите да се издигнеме над проблемите од минатото и да одиме напред заедно, порача Путин.
Премиерите на Полска и Русија- Владимир Путин и Доналд Туск

"Ние во Русија гледаме дека се тврди дека Втората светска војна стана можнa само како резултат на Пактот Рибентроп - Молотов. Сакам да обрнaм внимание на фактот дека oва е последен документ потпишан од страна на Европската моќ - Советскиот Сојуз - Хитлерoва Германија. На тоа претходea 1.934 договори меѓу Полска и Германија, билатерални договори за ненапаѓање меѓу Германија и водечките европски сили, како и многу договори како Минхенскиот потпишан во 1938 година"
На тоа претходеа 1934 договори меѓу Полска и Германија, и Германија и другите европски сили.

Кремљ, тврди дека советските трупи играле решавачка улога поразот на Нацистичка Германија во Втората Светска Војна откако Хитлер во 1941 му објави војна и на Советскиот Сојуз. Во големата патриотска војна против фашизмот загинаа 20 милиони руси„ Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека во Гдањск се срекава со Путин и другите лидери како со партнери, а не како со непријатели и дека ова е ден на жалост и паметење на вината која германците ја прифатија од стартот на војната, но и ден на доверба и благодарност за повоената обнова.






  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG