Достапни линкови

Денеска во Македонија почнува процесот на лустрација


Носителите на јавна функција во Maкедонија од денеска до 30-ти септември до Комисијата за верификација на фактите треба да поднесат изјава заверена на нотар дека не соработувале со разузнавачки служби. Комисијата веќе ја почна постапката за утврдување на вистинитоста на изјавите на членовите на ова тело. Според официјални проценки, во Македонија постојат околу 36.000 досиеја. Во оваа бројка не се вклучени оние што се наоѓаат во приватни архиви и во архивите во Белград.
XS
SM
MD
LG