Достапни линкови

Саркози е за строги санкции спрема Иран


Францускиот претседател Никола Саркози најави строги санкции за Иран доколку официјален Техеран не ги послуша препораките на меѓународната заедница во врска со иранската нуклеарна програма. По средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, Саркози изјави дека Иранците заслужуваат подобри лидери, додавајќи оти Франција ќе побара построги мерки за Иран поради нетранспарентноста на официјален Техеран во развојот на нуклеарната програма. Претставници на шест земји утре ќе се сретнат во Берлин за да разговараат за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG