Достапни линкови

logo-print

Се оддржа мотоциклистичката трка ,,Забел 2009“


Во Старо Нагоричино во кумановскиот регион се оддржа третата по ред меѓународна мотоциклистичка трка ,,Забел 2009“. 15-тина мотоциклисти од Македонија, Србија и Бугарија ги воодушевуваа гледачите.

На тромеѓето помеѓу селата Старо и Младо Нагоричино и Никуљане,козјачко-пчињскиот регион,во близина на средновековниот манастир Забел,во истоимената месност, на специјално за мототрки адаптирани патеки, 15-ина мотоциклисти од Македонија,Србија и Бугарија два часа ги воодушевуваа гледачите. На овој несекојдневен настан се собрале љубопитните не само од околните села,туку од Куманово и од Скопје.И додека по градските улици возењето на мотоциклите најчесто предизвикува смрзнување на крвта во жилите на оние покрај кои како муви прелетуваат мотоциклистите, на третата Меѓународна мото трка „Забел 2009“ беше сосема поинаку. Мотоциклистите високото ниво на адреналинот преку своевидните вратоломии и безмалку каскадерски способности им го поткачија и на набљудувачите кои постојано и неконтролирано извикуваа. Некои пак ги подржуваа своите фаворити. Оваа мототрка е во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија,а покровител е локалната самоуправа на Старо Нагоричино.
Зоран Наумовски претседател на Мотоциклистичката федерација на Македонија вели дека по оваа трка очекува:
Зголемување на квалитетот на учесниците,на самиот натпревар и во иднина очекувам ова да прерасне во натпревар од европски карактер


„Зголемување на квалитетот на учесниците,на самиот натпревар и во иднина очекувам ова да прерасне во натпревар од европски карактер.Се натпреваруваа возачи од 250,125 класа и од малата класа.“

Тој додава дека секоја година организацијата и подготвеноста на патеките се подобрува.

„Местоположбата е идеална, потенцијалот е огромен и се зависи од средствата.“

Вели Наумовски. Градоначалникот на Старо Нагоричино Миодрад Јовановиќ вели дека општинската каса нема многу пари, за натпревар од ваков тип ќе се наоѓаат средства. На овој натпревар натпреварувачите добиваат бодови и за учество на државно првенство, а Јовановиќ се надева дека добрата соработка ќе овозможи добра организација и:

„Ќе вроди подобри нешта на оваа траса. Се надевам и на популаризација на овој спорт, кој сега е во тренд. Младите ќе сфатат дека на овој начин можат да се дружат, да патуваат и да уживаат.“

Забележува Јовановиќ.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG