Достапни линкови

logo-print

Француски војници тепале вработени во кафеана во Таџикистан


Одговорните од базата на НАТО во Таџикистан и таџикистанските власти го бараат виновникот за тепачката меѓу тројца француски војници и вработените во еден ресторан во Душанбе. До тепачката дошло па расправија за висината на сметката. Таџикистанската полиција вели дека француските војници на сакале да платат и се обиделе да си замината од ресторанот. Менаџерот на локалот се обидел да ги спречи, но војниците го претепале. Военото аташе на француската амбасада, пак, вели дека вработените во ресторанот ја предизвикале тепачката.
XS
SM
MD
LG