Достапни линкови

Милошоски: Грчкото вето за ЕУ станува поверојатно


Грција ги зацврстува позициите во спорот за името и со тоа станува поверојатно дека ќе го блокира зачленувањето на Македонија во Европската унија, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во словенечкиот град Блед, каде што присуствува на Конференцијата за регионална безбедност.
Грчкиот генерален секретар за европски прашања Димитриос Кацоудас, кој присуствува на истата конференција, рече дека не е оптимист дека прашањето за името наскоро може да се реши.
Кацоудас рече дека Грција ги смета за провокација именувањето на автопатот Александар Велики и преименувањето на градскиот стадион во Скопје во Арена Филип Втори. Тој рече дека нема конкретни знаци дека спорот би можел наскоро да се реши.
Министерот Милошоски рече дека се надева дека посредникот Метју Нимиц наскоро ќе излезе со нов предлог за компромис.
XS
SM
MD
LG