Достапни линкови

logo-print

Дефлација во еврозоната?


Трет месец по ред има негативна инфлација во 16 земји од еврозоната, соопштува статистичката агенција на Европската унија, Евростат.
Цените во државите што го користат еврото, во август се намалиле за 0,2 отсто, што е значително помалку од падот во јули, кој беше 0,7 отсто. Според Евростат, тоа е знак дека најтешкиот дел на рецесијата можеби поминал.
Европската централна банка смета дека оваа дезинфлација е краткотрајна и не е почеток на дефлација која може да му штети на стопанството.
XS
SM
MD
LG