Достапни линкови

logo-print

Путин: пактот Молотов, Рибентроп, неморален


Рускиот премиер Владимир Путин го осуди како неморален пактот ,,Молотов, Рибентроп,, од 1939 година за ненапаѓање меѓу Советскиот сојуз и нацистичка Германија. Во отвореното писмо објавено во полскиот весник ,,Газета Виборшча,, Путин го осудува и масакрот во Катин кога советските сили егзекутирале над 20 илјади полски офицери и интелектуалци. Писмото на Путин е објавено пред неговото учество на церемониите по повод 70 годишнината од почетокот на Втората светска војна што утре ќе се одржат во полскиот град Гдањск.
XS
SM
MD
LG