Достапни линкови

Кризен данок само за сиромашните


Јадранка Косор, премиер на Хрватска
Јадранка Косор, премиер на Хрватска

Во Хрватска неодамна беше донесен закон за таканаречен кризен данок со цел сите граѓани да придонесат за намалување на последиците од економската криза. Премиерот Јадранка Косор деновиве најави измени на законот. Причина, тој воопшто не се однесуваше на најбогатите.

,,Сите солидарно да го понесат товарот на кризата,,. Тоа беше главната намера на таканречениот кризен данок со кој сите што примаат плата ќе треба да одвојуваат од два до четири насто од неа. Меѓутоа, владејачката Хрватска демократска заедница, заборави дека богатите Хрвати воопшто не примаат плата. Па така, работниците, чиновниците, пензионерите плаќаат кризен данок, но тоа не го прават лекарите, стоматолозите, адвокатите, уметниците, естрадните ѕвезди, значи сите оние што и имаат најмногу.

,,Се работи за една непромислена и недосмислена мерка на даночната политика, каде што креаторите на даночната политика пред се водеа сметка како полесно да ја соберат одредената сума. Тоа не може да се оправда со ништо.,,
Се работи за една непромислена и недосмислена мерка на даночната политика, каде што креаторите на даночната политика пред се водеа сметка како полесно да ја соберат одредената сума. Тоа не може да се оправда со ништо...


Вели Божидар Јелчиќ, експерт по финансиско право. Претседателот на Хрватските синдикати Озрен Матијашевиќ пак, вели дека при донесувањето на овој закон, не била направена никаква анализа за неговите ефекти:

,,Резултат од тоа е овој факт што токму оние најбогатите, јас тука најмногу сум фокусиран, иако не треба да се раздвојуваат, врз адвокатите и естрадните ѕвезди, сега се ослободени од плаќање на кризниот данок.,,

Со Матијашевиќ се согласува пратеникот на опозиционите социјадемократи во хрватскиот Сабор и професор на Економскиот факултет во Сплит Бранко Грчиќ кој оценува дека станува збор за лош и избрзан закон:

,,Апсурдно е оние што остваруваат поголем доход на крајот нема да плаќаат соодветен данок врз основа на новиот закон. Тука имаше и уште некои други пропусти во врска со тоа колку, во зависност од платата, треба да се издвојува за кризен данок.,,

На сево ова подолго време укажуваа хрватските медиуми, но владата реши да реагираа пред неколку дена. Премиерот Јадранка Косор најави донесување Закон со кој кризниот данок ќе почне да се однесува и на, како што изјави, другите слоеви од општеството. Во меѓувреме, во буџетот пристигнале околу 20 милиони евра од кризниот данок, што го платија само сиромашните, но не и богатите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG