Достапни линкови

Оставка на јапонскиот премиер Асо


Јапонскиот премиер Таро Асо изјави дека ќе поднесе оставка како претседател на владејачката Либералдемократска партија по големиот пораз на вчерашните парламентарни избори. Најмногу пратенички места за Долниот дом на парламентот освои опозиционата Демократска партија со што заврши полувековното владеење на либералдемократите. Според излезните анкети, демократите би требало да имаат 308 од 480 те места во Долниот дом. Се очекува нивниот лидер Јукио Хатојама да биде наименуван за нов премиер на првата седница на новиот парламент по две недели. Тој ќе се соочи со тешка задача да ја извлече земјата од рецесија и од рекордната невработеност.
XS
SM
MD
LG