Достапни линкови

САД се надеваат на добра соработка со новиот јапонски премиер


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека се надева на силно единство со идниот премиер на Јапонија Јукио Хатојами. Во соопштението од Белата куќа се вели и дека тоа беа историски избори во една од најсветлите демократии во светот. Досегашниот јапонски премиер Таро Асо денеска ќе одржи прес конференција, на која се очекува да објави оставка на местотот шеф на Либерално-демократската партија по поразот на изборите, што е и прв нејзин пораз по 54-годишно владеење.
XS
SM
MD
LG