Достапни линкови

Медведев: Цинична лага се наводите дека СССР и нацистите се еднакво виновни


Цинична лага се наводите дека Советскиот Сојуз и нацистичка Германија имаат еднаква вина за Втората светска војна, оцени рускиот претседател Дмитриј Медведев во интервју за руската национална телевизија, во пресрет на одбележувањето на 70-годишнината од почетокот на Втората светска војна.
Оваа негова изјава доаѓа откако Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во јули донесе резолуција со која ги осуди нацизмот и сталинизмот.
XS
SM
MD
LG