Достапни линкови

logo-print

Опозицијата победи на изборите во Јапонија?


Јапонската опозиција веројатно победи на тукушто завршените парламентарни избори во земјата. Евентуалната победа на опозициската Демократска партија ќе значи крај на 50-годишното, речиси неприкосновено, владеење на конзервативната Либерално-демократска партија. Аналитичарите велат дека гласачите ја сметаат владата на актуелниот премиер Таро Асо за виновна за економските проблеми, за рекордно високата невработеност и за рецесијата во која западна втората по големина светска економија.
Ако победат демократите, нов премиер на Јапонија веројатно ќе биде лидерот на партијата, 62-годишниот Јукио Хатојама.
XS
SM
MD
LG