Достапни линкови

Новата влада пред иранските пратеници


Иранскиот парламент ја започна расправата за новиот 21-член владин кабинет, предложен од претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Тоа ќе биде десета влада од воспоставувањето на исламската република во Иран во 1979 година.
Се очекува, во наредните три дена, Ахмадинеџад да се соочи со силни критики од опозицијата, но и од радикалното крило на неговата партија. Тие најмногу му замеруваат на изборот на министерот за нафта Масуд Мирказеми за кого велат дека нема доволно искуство и знаење. Ахмадинеџад, за прв пат, предложи и три жени за министерска функција.
XS
SM
MD
LG