Достапни линкови

logo-print

Избори во три германски сојузни држави


Еден месец пред националните, се одржуваат избори за регионални парламенти во три германски сојузни држави. Христијанско-демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел, во моментов е на власт во трите држави – Сар, на западната граница со Франција и во Турингија и Саксонија, во поранешна источна Германија.
Според анкетите, Меркел може да ја изгуби власта во Сар и во Турингија, со што опозициските Социјалдемократи би добиле дополнителен поттик за националните избори на 27 септември.

XS
SM
MD
LG