Достапни линкови

Разрешен радикалниот ирански обвинител


Новиот шеф на иранското судство Садек Лариџани го разреши радикалниот обвинител кој стои зад масовните судења на опозициски активисти, поради дела поврзани со постизборните протести во јуни.
Техеранскиот обвинител Саид Мортазави стои зад затворањето на неколку реформистички весници, а во изминативе десетина години работеше на процеси против неколкумина дисиденти и новинари.
Ајатолахот Садек Лариџани, брат на претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани, назначи тричлена комисија која треба да ја надгледува истрагата за постизборните протести, вклучително и за обвиненијата за малтретирање на затвореници, обвијавува државната новинска агенција ИРНА.
Дописници од Иран велат дека браќата Лариџани се однесуваат како внатрепартиска опозиција на конзервативниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG