Достапни линкови

Поплавената руска хидроелектрана ќе проработи за 6 месеци


Хидроелектраната во јужен Сибир, каде што неодамна загинаа 75 луѓе ќе почне да работи за шест месеци, иако не со полн капацитет, соопштуваат челници на компанијата.
Главната хала со турбини во хидроелектраната Сајано-Шушенскаја на 17 август се поплави, при што загинаа 71 работник, а четворица се уште се водат како исчезнати, но се претпоставува дека се мртви. Истражните органи соопштија дека до несреќата дошло поради техничка грешка, но до сега не ја соопштуваат точната причина за несреќата.

XS
SM
MD
LG