Достапни линкови

Како живеат македонските граѓани?


Bosnia and Herzegovina - Public Kitchen for the Poor People, 20Aug2009

Bosnia and Herzegovina - Public Kitchen for the Poor People, 20Aug2009

Предизборните ветувања за намалување на невработеноста, подобар животен стандард, странски инвестиции по правило остануваат на хартија. Во џебовите на граѓаните и годинава пристигнува есента. Каква е социјално економската ситуација во која живеат македонските граѓани?

Реалните показатели за економските движења речиси по правило ги демантираат предизборните ветувања. Странски инвестиции, намалување на невработеноста, економски развој вети и актуелната власт, уште подалеку, ставајќи ја економската програма во средиштето на своите амбиции. Дел од ветените мерки и активности содржани во програмата беа преземени. Рамен данок, скратување на процедурите за регистрирање фирма, презентација на можностите за инвестирање се дел од преземените мерки за подобрување на бизнис климата. Сето ова беше проследено со непоправлив оптимизам дури и тогаш кога светот надалеку се загрижи околу
Тоа не се реализира едноставно поради тоа што ветувањата, на почетокот од мандатот на Владата беа нереални со оглед на тоа што се случи, според тоа како и во некои други земји имаше доста лоша реакција на Владата со неверување дека кризата ќе дојде во Макеоднија, а после тоа со уверувања дека ќе има доста проблеми
настапувањето на светската рецесија. Владините министри најпрвин ја охрабруваа јавноста дека кризата нема да ја почувствува Македонија поради неупатеноста на светските текови, сега кога и официјално е прогласена рецесија, се вели дека веќе се насетува излез од неа. За граѓаните пак параметрите малку значат. Во нивните џебови пристигнува есента. На минатогодишните избори актуелната влада по втор пат им вети на граѓаните намалување на невработеноста, повисоки плати, подобар стандард, економски раст. Се определи да се фокусира на создавање поволна бизнис клима и привлекување странски инвестиции како дел од старата проценка дека тоа
единствено може да ја ублажи катастрофалната економска состојба. Воведе рамен данок, ги упрости процедурите за почнување бизнис, потроши пари за промовирање на земјава како бизнис дестинација и оптимистички ги најавуваше ефектите. Оптимизмот во владините кабинети продолжи и тогаш кога светот призна дека се соочува со закана од рецесија. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економија коментира дека несоодветната реакција на кризата и неверувањето дека таа ќе ја зафати и Македонија ги направило сосема нереални владините планови и ветувања на полето на економијата.

„Тоа не се реализира едноставно поради тоа што ветувањата, на почетокот од мандатот на Владата беа нереални со оглед на тоа што се случи, според тоа како и во некои други земји имаше доста лоша реакција на Владата со неверување дека кризата ќе дојде во Макеоднија, а после тоа со уверувања дека ќе има доста проблеми.“

вели Глигоров.

Граѓаните коментираат дека и овој пат ветувањата на изборите не се исполниле а експертите дека ветувањата кои ги даваат политичарите на планот на економијата, лесен мамец за добивање гласови на избори.

„Дали нешто исполнуваат политичарите од ветувањата на планот на економијата?„ „Многу слабо, не. Не им верувам, а порано да.“ „Нешто, минимално е реализирано. Си го средија повеќе нивниот живот.“
Постојано се ветуваат брда и долини за на крај да се види дека сето тоа е еднократно само за изборите. Зошто е тоа така, очигледно тоа е во психологијата на политичките лидери кои сеуште неможат да бидат едноставно чесни пред македонската јавност, пред македонскиот електорат.


„Постојано се ветуваат брда и долини за на крај да се види дека сето тоа е еднократно само за изборите. Зошто е тоа така, очигледно тоа е во психологијата на политичките лидери кои сеуште неможат да бидат едноставно чесни пред македонската јавност, пред македонскиот електорат."

додава професорот Јове Кекеновски.

Заводот за статистика минатиот месец објави податок кој покажува зголемување на просечната нето плата која ја добиле вработените и таа за јули изнесува околу 20 000 илјади денари. Оваа бројка изгледа солидна ако од неа се бара да ги задоволува основните потреби на семејствата. Портпаролот на ССМ, Милан Живковиќ приговара дека статистиката не ги зема предвид неисплатените плати и дека главен проблем на вработените е задоцнетата исплата на нивните приходи.

„Просечната плата што ја добиваат работниците да кажеме дека е нешто преку 20 000 денари во месецот, сигурно дека е нереално. Еден од проблемите со таа плата е дека се зема само исплатената плата, а тие фирми што доцнат со исплата на платите, не се зема во предвид. Што значи доколку има фирма што не ја исплати платата, да речеме во месец мај, нивните податоци не се запишуваат со нула, туку тие се игнорираат. А дали таа просечна плата е доволна за граѓаните? Треба да се каже дека потрошувачката кошничка изнесува околу 14 илјади денари.“

Економистите анализираат дека сепак е многу голем бројот на луѓето кои примаат многу пониски примања од 20 000 месечно како и дека процентот на сиромаштија особено јазот меѓу богатите и сиромашните се повеќе се зголемува.
Степенот на сиромаштија до пред некое време беше 25%, а сега е над 30% и се продлабочува јазот меѓу високо платените работни места и луѓето кои што не земаат плата или имаат ниски примања, и ми се чини дека на овој план мора да се направи, можеби според мое размислување, непопуларно, но евентуално зголемување на даноци на луксуз итн, а се во интерес на една поправилна распределба


„Степенот на сиромаштија до пред некое време беше 25%, а сега е над 30% и се продлабочува јазот меѓу високо платените работни места и луѓето кои што не земаат плата или имаат ниски примања, и ми се чини дека на овој план мора да се направи, можеби според мое размислување, непопуларно, но евентуално зголемување на даноци на луксуз итн, а се во интерес на една поправилна распределба.“

Вели професорката Марија Зарезанкова Потевска.

Граѓаните ја потврдуваат состојбата. Се делат на оние кои едвај преживуваат , на оние кои се сосема задоволни од својот стандард и на оние кои молчешкум го одбегнуваат секој обид да биде регистрирано и јавно објавено нивното искуство.


„Па супер стоиме со финансии, со две платички супер.“

„Многу тешко во денешно време. Примањата се многу ниски, а и се нередовни, школувањето сега е се приватно... Се ова значи дека најниската, најниската просечна плата треба да биде 500 евра, а со осум илјади што.“

„Имам осум илјади само режиски трошоци. Само јас сум вработена од три членото семејство. Кратиме, нема луксуз, нема гардероба.“

340 776 лица се регистрирани како невработени минатиот месец. Овој податок кој го објавува заводот за статистика покажува благо намалување на невработеноста во однос на претходните месеци. Синдикатот во неверица ги истражува податоците бидејќи како што велат оттаму тие се неверојатни особено кога станува збор за услови на економска криза.

„Податоците што ги објавуваат од Заводот за статистика има податок дека преку 30 илјади луѓе ги изгубиле своите работни места.“

Вели Живковиќ.

Меѓу вработените расте нервозата, а она што го одржува социјалниот мир сеуште е очекувањето на ефектите од владините антикризни
Сега менаџерите на овие големи компании ја вклучуваат Македонија во анализите и во многу од тие анализи, веќе сме влезени во вториот круг, кој што е оној помал круг во кој што се влезени две или четири земји каде што подлабински се анализираат можностите за инвестирањ
мерки, велат од Синдикатот. Експертите коментираат дека долготрајното незадоволство од економската сосотојба кај македонците веќе се претворило во социјална инерција која оди во прилог на одржувањетоп на контролата врз социјалната сосотјба.. Пратеникот Маријанчо Николов од опозициската СДСМ на ова додава и дека само одредени филтри можат да бидат логични чувари на социјалниот мир.

„Сивата економија која што постои, се оддржува понатаму и преку нашите печалбари кои што работат во странство кои што дел се поодамна заминати, а во последно време и се повеќе наши граѓани заминуваат на печалба во Италија, Словенија, Црна Гора и парите што ги праќаат, влијае на оддржување на социјалниот мир. Така да единствено е тоа и надежта кај граѓаните дека можеби ќе ни тргне, гледајќи ги убавите реклами на Владата.“

Економските показатели и движења јасно илустрираат дека Македонија е зафатена од светската рецесија. Негативен економски раст, работници на улица, затегнати услови за кредитирање, речиси замрена инвестициона активност, одлив на парите од државната каса. Куповната моќ на граѓаните паѓа што не соочува со дефлација која настанува поради намалената побарувачка. За 62,2 милиони евра е забележан пад на инвестициите во првите три месеци од годинава во однос на истиот период лани или 55, 4 милиони евра. Проекциите на Народна Банка се дека аналогно на овој тренд, до крајот на годинава тие ќе достигнат само 173 милиони евра. Директорот на агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо вели дека тоа е нормално во услови на криза и дека може да значи согледување на конкурентните предности на Македонија и поголем интерес на инветситорите по завршувањето на кризата.

„Сега менаџерите на овие големи компании ја вклучуваат Македонија во анализите и во многу од тие анализи, веќе сме влезени во вториот круг, кој што е оној помал круг во кој што се влезени две или четири земји каде што подлабински се анализираат можностите за инвестирање.“
Сега менаџерите на овие големи компании ја вклучуваат Македонија во анализите и во многу од тие анализи, веќе сме влезени во вториот круг, кој што е оној помал круг во кој што се влезени две или четири земји каде што подлабински се анализираат можностите за инвестирање


Вели Мизо. Економскиот аналитичар, Владимир Глигоров вели дека ниту во наредната година не може да се очекуваат странски инвестиции во земјава.

„Во овој момент никој практично во целиот регион и пошироко, не очекува некои сериозни странски инвестиции и големи финансирања од странство, така што најголем број од земјите сега размислуваат како да ги финансираат своите потреби само од внатрешни средства. Така што мислам дека е нереално да се очекува барем во наредната година, дека ќе има странски инвестиции, а што ќе биде понатаму, тешко е да се предвиди.“

Дел од кризата е и може да се очекува поголема неизвеснот на бизнисите, високи камати, продлабочување на буџетскиот дефицит, ниски буџетски приходи. Бизнисмените очекуваат нов бран опаѓање на производството во септември и дополнително губење на работните места. Економистите предупредуваат, тешка есен и зима.

„До Нова Година неможе да очекуваме ништо спектакуларно бидејќи светот сега полека почна да се извлекува, па додека да се придвижат работите ќе треба повеќе време. Оваа година ќе биде многу тешка, есента и зимата, јас се надевам дека првите добри знаци, на заздравување, не оздравување, ќе бидат догодина на пролет."

Вели професорот Ванчо Узунов.

Граѓаните исправени пред традиционално повисоките есенски трошоци:

„Па тешко, зимници, деца во школо.“

„Не гледате, се поскапо и поскапо е.“

Што понатаму? Во Владата тврдат дека ситуацијата е под контрола и дека тите пакети мерки кои се досега донесени ги ублажиле последиците и дека во наредните месеци ќе треба да се очекува и потврдата за тоа. Оттаму велат и дека приходите на вработените во администрацијата и на пензионерите нема да се намалуваат. За помош на стопанството беа обезбедени пари од европски фондови. Премиерот оцени дека иако годината е тешка поради светската економска криза, нашата земја во споредба со други држави во европа има најмалку последици и штети од најголемата светска економска криза. Власта очекува опоравување во четвртиот квартал од годинава.

„Нешто што може реално да се очекува е дека бројките во четвриот квартал, би требало да се намали оваа динамика сега што е на негативен раст. Тоа некаде се очекува во четвртиот квартал доколку преовладува ова оптимистичко сценарио на глобално ниво.“

Изјави министерот за економија Фатмир Бесими.

Економистите немаат толку охрабрувачки најави па оптимизмот го оставаат за малку подоцна.

„Нема елементи за да се каже дека во Македонија работите се придвжуваат на подобро, дека рецесијата сеуште не стивнува можеме да очекуваме и овој наредниот квартал дека состојбите нема да бидат онакви какви што би посакувале да бидат.“

Вели професорот Мирољуб Шукаров.
Сега сите сили треба да се насочат кон тоа да се стопира негативната стапка на раст а по завршувањето на кризата да се размислува и за нова стопанска политика доколку за тоа има политичка волја, вели Глигоров.
Професорката Потевска порачува дека во меѓувреме мора да се размислува и за помош на луѓето кои живеат во тешка социјална положба и кои ги има се повеќе, но и за разни проекти кои ќе ангажираат што поголем број луѓе.

„На пример она што сега го прават одредени општини како проект, ги вработуваат луѓето сезонски, но ги вработуваат. Мора да се измислат такви проекти кои што би биле во функција на активно производствено ангажирање на населението, во тој случај би се зголемил БДП, ќе се намалува сиромаштијата.“

Со оглед на тоа што не се очекува можност за странски вложувања на подолг рок анализира Глигоров, земјава треба да се сврти кон домашното штедење и домашните инвестиции како и спроведување мерки за подобрување на конкурентноста на домашните производи на светските пазари.

„Што би предложил, радикално да се промени стопанската политика и да се води една нова политика на среден рок, значи три-четири години, па дури тогаш да се видат резултати, доколку се се прави како што треба, би требало тогаш да обезбедат некоја повисока стапка на вработеност на подолг период.“


Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG