Достапни линкови

logo-print

Во Призрен, уапсени четворица албанци


Полицијата во Призрен уапсила четворица албанци под сомневање дека претставуваат опасност за јавната безбедност. Кај нив, како што јавува Косовската телевизија, било пронајдено поголемо количество оружје. Се прецизира дека станува збор за Беким Кази, американски граѓанин кој потекнувал од Дебар, и за уште тројца други кои биле уапсени по информации добиени од американското Федерално истражно биро, ФБИ. Се наведува и тоа дека дека тие најверојатно биле членови на религиозната секта вахабисти.
XS
SM
MD
LG