Достапни линкови

Туркменистан нуди повеќе природен гас за Бугарија


Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов изјави дека неговата земја е подготвена да и продава на Бугарија повеќе од 2,5 милијарди кубни метри природен гас годишно. Тој ова, како што денеска јавуваат медиумите во Туркменистан, му го пренесол на бугарскиот претседател Георги Прванов за време на нивната вчерашна средба во Бугарија. Туркменистан веќе изрази заинтересираност за планираниот гасовод на Европската Унија, Набуко.
XS
SM
MD
LG