Достапни линкови

Вашингтон со одлука за нов антиракетен штит?


Шефот на вашингтонската Иницијатива за американската противракетна одбрана Рики Елисон изјави за Радио Слободна Европа дека смета оти во основа веќе била донесена одлука Соединетите Држави да се откажат од крстосувачките ракети во Полска и од радарот во Чешка. Тој додава дека заради намалување на тензиите во односите со Москва новиот систем би можело да биде размесетен во Турција, Израел или на Балканот. Според него, оваа идеја ја протежира администрацијата на претседателот Барак Обама. ,,Не станува збор за релокација на антиракетниот систем во Полска, туку за креирање на целосно нов систем,, вели Елисон. Стејт департментот вчера ги демантира наводите дека се откажува од плановите за изградба на антиракетните бази во Полска и Чешка, со дополнување дека се уште не бил завршен извештајот за американската противракетна стратегија.
XS
SM
MD
LG