Достапни линкови

Прометот на берзата минимален, брокерите оптимисти


Брокер

Брокер

Прометот на Македонската берза е на минимално ниво, како пред пет години, пред инвестицискиот бум. Сепак, брокерите се оптимиси и очекуваат раст во случај светската економија да продолжи да расте.

Берзанските аналитичари и брокери очекуваат инвестициски оптимизам есенва. Просечниот дневен промет со околу 200 до 300 илјади евра е на ниво како пред пет години, пред почетокот на инвестицискиот бум на Македонската берза. Побарувачката и понудата на
Дали и до кога ќе можат да ги финансираат овие програми. Така што, тоа дополнително го отежнува процесот на опоравување на пазарите на капитал. Затоа сметам дека последните денови сведоци сме на стабилна состојба на развиените пазари на капитал. Зборувам за европските пазари на капитал, понатаму во Азија и Америка, што е пред се резултат на неизвесноста што постои
берзата бележат благ раст, велат брокерите. Светската берза има влијание врз македонската, па така сите очекуваат раст на вредноста на македонските акции, по објавените податоци дека некои земји излегоа од рецесијата. Проблемот се јавува во издржаноста на економскиот раст на развиените земји, велат експертите. Излезот од рецесијата на дел од европските земји се должи на дел од владините анти кризни мерки:

„Дали и до кога ќе можат да ги финансираат овие програми. Така што, тоа дополнително го отежнува процесот на опоравување на пазарите на капитал. Затоа сметам дека последните денови сведоци сме на стабилна состојба на развиените пазари на капитал. Зборувам за европските пазари на капитал, понатаму во Азија и Америка, што е пред се резултат на неизвесноста што постои,“

Вели инвестицискиот советник Горан Марковски.

Токму затоа треба да бидеме претпазливи, вели Марковски:

„Овој раст нема да биде како во минатите економски циклуси. Туку за жал, ќе биде многу поблаг и поумерен, што веројатно ќе се проследи и на берзата во некој подолгорочен степен на раст. Значи, не очекувам значајни придвижувања на пазарот на капитал.“

Брокерите очекуваат токму растот на светските берзи да ја придвижат и нашата економија.

„Цената на никелот пред почетокот на април беше 10 илјади, а сега е 20 илјади долари. Тоа е добра вест за економијата, затоа што приходите се разликуваат двојно,“

Вели брокерот Благој Марков.

Случувањата на берзите се предвесници на она што ја очекува реалната економија:

„Не само со македонскиот берзански индекс, туку и индексите на останатите земји бележат одреден пораст. Тоа укажува на фактот дека инвеститорите пооптимистички гледаат на случувањата на пазарите на хартии од вредност. Она што можеме да го очекуваме е дека инвеститорите ќе бидат порационални при донесување на некои одлуки,“

Вели советникот на Управата на Македонската Берза Елизабета Иванова.

Генерално експертите очекуваат за шест месеци до една година Македонија да излезе од рецесијата, но услов за тоа е заздравување на светската економија.






  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG