Достапни линкови

Расмусен бара соработка меѓу НАТО и ЕУ во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен денеска ја повика Турција да не се противи на поблиските врски меѓу НАТО и Европската Унија, како и да го зголеми своето учество во мисијата во Авганистан. На заедничката прес конференција во Анкара со турскиот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу, Расмусен оцени дека поради немањето безбедносен договор меѓу НАТО и Европската Унија, трупите на двете организации во Авганистан се доведуваат во апсурдни поледици на теренот. Турција ја блокира таквата соработка поради проблемите со Грција и Кипар, кои пак прават опструкции за турските аспирации за членство во Унијата.
XS
SM
MD
LG