Достапни линкови

Шешељ да добие бранител, бара обвинителството во Хаг


Обвинителството на Хашкиот Трибунал денеска повторно побара да му се одземе правото на Воислав Шешељ да се брани сам и да му биде доделен бранител. Обвинителството оценува дека доделувањето на бранител на Шешељ е во интерес на правдата, бидејки е утврдено дека тој намерно и постојано не ги почитува заштитните мерки за сведоците, со што ја загрозува нивната безбедност и го попречува спроведувањето на правдата.
XS
SM
MD
LG