Достапни линкови

Ахмадинеџад бара казни за лидерите на опозицијата


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска побара да бидат казнети опозиционите лидери поради немирите до кои дојде по изборите во Иран. Ненаведувајќи ги нивните имиња, тој порача дека за ниту еден политички лидер не треба да постои имунитет. Поразените претседателски кандидати Мир Хосеин Мусави и Махди Каруби обвинија дека изборните резултати биле фалсификувани по што дојде до масовни протести во земјата.
XS
SM
MD
LG