Достапни линкови

logo-print

Северен Кавказ: напади на милитантите


Тројца милитанти биле убиени во синоќешната престрелка со полицијата во руската република Дагестан, во Северен Кавказ, јавуваат агенциите, прецизирајќи дека претходно милитантите нападнале една полициска патрола. Во одвоен инцидент во Чеченија, според извешатите, двајца бомбаши самоубици раниле шест лица. Во последно време во Северен Кавказ зачестија нападите на исламските милитанти врз проруските власти и руските сили за безбедност.
XS
SM
MD
LG