Достапни линкови

САД: најдена 18 години по нејзиното киднапирање


Во Соединетите држави една жена која била киднапирана пред 18 години, кога имала 11 години, била најдена во добра здравствена состојба. Се наведува дека жената се појавила во полициската станица во Сан Франциско Беј и се претставила како Џејси Ли Дагард, која била киднапирана во 1991 година пред нејзиниот дом. Полицијата покрена обвинение против маж и жена, за сексуално злоставување на Дагард. Полицијата верува дека во изминативе 18 години таа живеела во дворот на киднаперите и оти со мажот имал две деца кои никогаш не посетувале училиште или биле на доктор.
XS
SM
MD
LG