Достапни линкови

75 милиони евра помалку со новиот ребаланс?


Кратење на расходите меѓу 4 и 4,5 милијарди денари, односно од 70 до 75 милиони евра, предвидува предлог ребалансот на буџетот што ќе биде разгледан на владина седница на 1 септември, соопштува вицепремиерот Зоран Ставревски, кој е и министер за финансии.
Според тој предлог, проекција за раст на бруто домашниот производ за 2009 e минус 0,6 отсто.
Ставревски информира и дека ќе има кратење и на некои непродуктивни ставки како што се патувањата, трошоците на телефони, а некои проекти како што е проектот за набавка на автобуси, ќе се реализираат следната година.
XS
SM
MD
LG