Достапни линкови

Затвореник од Гвантанамо ќе ги тужи САД за малтретирање


Младиот Авганистанец Џавад Мохамед, кој оваа недела беше ослободен, по поминати 7 години во затворот за осомничени за тероризам Гвантанамо Беј, ќе ја тужи владата на САД.
Неговиот адвокат соопшти дека Мохамед ќе побара надомест за наводното малтретирање.
Тој беше притворен во Агванистан во 2002 под обвинение дека фрлил граната кон американско воено возило при што беа повредени двајца американски војници.
Неговото семејство тврди дека тој имал само 12 години во тоа време.
XS
SM
MD
LG