Достапни линкови

Ни струја, ни вода во велешко Иванковци


Поради неплатен долг на Месната Заедница на велешкото село Иванковци, екипа на ЕВН ја исклучи струјата. Исклучувањето на електричната енергија е причина да престане да функционира селскиот водовод од каде 230- те домакинства се снабдуваа со вода.

За деведесет илјади денари неплатен долг на МЗ на село Иванковци, екипа на ЕВН ја исклучи струјата. Исклучувањето на елекртичната енергија е причина да престане да функционира селскиот водовод од каде 230 те домакинства се снабдуваа со вода. 1200 жители веќе една недела со вода за пиење се снабдуваат од селските чешми. Дел од жителите ја оправдуваат постапка на ЕВН, велат дека тие секој месец пари за потрошена електрична енергија плаќале кај благајникот.

„Лично јас како човек ја оправдувам ЕВН, ова требаше порано да го направи и да се исклучи водата, да се види зошто толку време не се
Лично јас како човек ја оправдувам ЕВН, ова требаше порано да го направи и да се исклучи водата, да се види зошто толку време не се плаќале сметките, а пари се собираа. Ова е со години не е само сега, 80 % од домакинствата немаат водомери
плаќале сметките, а пари се собираа. Ова е со години не е само сега, 80 % од домакинствата немаат водомери.“

вели дедо Димче. Немањето на вода најтешко им паѓа на домакинките. Велат дека невозможно е да се живее во денешно време без неа. Тетка Вера вели дека поради бунарот кои го имаат во сопствениот двор проблемот и да не го чуствува, но жално е за соседите кои се стари и изнемоштени луѓе.

„Многу е тешко за домаќинка без вода, треба да се измијат садеви, треба ли да се избања, испере. За мене лично ние имаме бунар но луѓето одат по цистерни да полнат во туби.Комшиите идат кај нас им даваме вода греота е на човек да не му дадеш вода. Ова е уште пожално луѓето си плакаат а сега да им се исклучи струјата и да немаат вода, ова е жално.“

вели тетка Вера.

„Ние одиме по чешмите, има над село и сред село, и од овие што имаат бунари, а има и цистерни, јас лично со цистерна носам и 2-3 дена имам вода а за пиење од носам од селските чешми.“

вели Диме Ѓоргиевски. ЕВН го прекина доводот на електрична енергија за селото Иванковци, потврдува во телефонскиот разговор портпаролот Ленче Карпузовска, осум неплатени сметки има МЗ, се обидувавме да најдеме решение, но до него недојдовме. Струјата ја исклучивме и на барање на преставник на месната заедница, вели Карпузовска. Одговор на прашањето зошто Месната Заедница нередовно ги плаќа сметките за потрошена електрична енергија од одговорните неуспеавме да добиеме. Тие беа недостапни при обидот да контактираме со нив. Жителите од селото Иванковци помош во решавање на проблемот побараа и од градоначалникот на Велес, Горан Петров. Додека го чекаат одговорот од локалната власт во Велес, иванковцани се обидуваат да дознаат каде завршуваат парите кои тие месечно ги давале за потрошената електрична енергија за селскиот водовод.
XS
SM
MD
LG