Достапни линкови

Лукашенко местел избори на сопствена штета?


Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко признава дека ги наместил последните претседателски избори во неговата земја, но на сопствена штета. Во интервју за рускиот дневен весник „Известија“, Лукашенко вели дека на изборите во 2006 година освоил 93 отсто од гласовите. Тој вели дека сметал оти таа бројка не е „психолошки прифатлива“, па затоа „наредил“ да се намали на околу 80 отсто. Според официјалните резултати, тој доби 83 насто од гласовите, но западните набљудувачи ги прогласија изборите за недемократски.
XS
SM
MD
LG