Достапни линкови

Дипломатските односи со Косово се одолговлекуваат?


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу

Според експертите нема правни пречки за да се одолговлекува воспоставувањето на дипломатски односи со Косово, од страна на Македонија. Тие укажуваат на се повидливото подобрување на односите со Србија, а од друга страна водење на непрофесионален однос кон Косово.

Косово останува и понатаму честа тема за политичко препукување, како меѓу партиите од албанскиот блок, така и меѓу албанските и македонските партии, велат експертите. Токму затоа, нетреба да се одолговлекува воспоставувањето на дипломатски односи, со нашиот нов сосед, оценуваат тие. Претседателите на Косово и на Македонија, на средбата во Охрид пред повеќе од еден месец, се согласија дека не постојат теми кои го спречуваат процесот на добри односи помеѓу двете земји и дека очекуваат дипломатските односи да се
Од една страна гледаме цела година подобрување на односите со Србија, а од друга страна гледаме непрофисионален и невнимателен однос кон Косово
решат наскоро. Во меѓувреме Косово повторно се користи за политички препукувања. ДПА вчера упати остри критики против претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, обвинувајќи го дека води намерна политика за невоспоставување на дипломатски односи
меѓу Македонија и Косово. Според нив сега излегува на виделина новото сојузништво на Скопје и Белград, при што Косово се држи како заложник. ДПА побара најитно воспоставување нормални дипломатски односи на Македонија со Косово, со оглед на тоа дека ја има признато неговата независност. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека односите со Косово се важни и за меѓуетничките односи во Македонија, па затоа македонската дипломатија треба посериозно да се однесува со тоа прашање.

„Оваа година имавме два дипломатски инциденти со Косово. Од една страна гледаме цела година подобрување на односите со Србија, а од друга страна гледаме непрофисионален и невнимателен однос кон Косово, а тоа секако има рефлексија врз политиката кај нас.“
Последната посета на целата екипа на Владата на Белград, во која посета тие бараат пари од таму и инвестиции, а услов е да не ги развиваат односите со Косово


Вели Муслиу и додава дека албанците во Македонија се чуствителни на прашања поврзани со Косово, а политичарите се трудат тоа да го искористат во нивна корист. Поранешниот министер за надворешни работи Љубомир Фрчкоски вели дека нема правни пречки за да се одолговлекува воспоставувањето на дипломатски односи со Косово, но има политички причини.

„Последната посета на целата екипа на Владата на Белград, во која посета тие бараат пари од таму и инвестиции, а услов е да не ги развиваат односите со Косово, да ги остават вака како што се. Тоа е политичкиот момент во кој треба да се процени зошто оваа Влада тоа го прави, а второто е веројатно очекуваат некаков баланс со демаркацијата на границата.“

Македонија ја призна независноста на Косово лани во ноември.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG