Достапни линкови

logo-print

Ајатолахот Каменеи : Нема доказ дека опозицијата работи за странски сили


Иранскиот врховен верски лидер изјави дека не гледа докази оти лидерите на опозицијата кои ги предводеа протестите по јунските претседателски избори работат за странски сили. Овој коментар на Ајатолахот Али Каменеи е спортивен на претходните обвинувања на тврдокорните конзервативци дека протестите се подржани од странски сили, пред се, од Соединетите Држави и Велика Британија. Вашингтон и Лондон ги отфрлија обвинувањата. На голем број опозиционери им се суди за немирите кои избувнаа по изборите на 12 Јуни кои според нив беа наместени во корист на Претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG