Достапни линкови

logo-print

Косовските власти ветуваат помош за повратниците во своите домови


Премиерот на Косово Хачим Тачи изјави дека нема да има компромис за оние кои го спречуваат враќањето на граѓаните во своите домови по немирите во Брѓани во северниот дел на Косовска Митровица, каде што живее мешано етничко население. Тачи изјави дека никој не може да им го негира тоа право и оти имаат политичка, логистичка и финансиска помош од Владата, без разлика на нивната етничка припадност. Во немирите што неодамна настанаа меѓу Албанците и Србите, кои се обидоа да ги обноват изгорените куќи, беа повредени седум луѓе.
XS
SM
MD
LG