Достапни линкови

Генералниот секретар на НАТО во посета на Турција


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен од денеска е во дводневна официјална посета на Турција, каде што ќе се сретне со претседателот Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердоган. Анкара се противеше на назначувањето на Расмусен за генерален секретар на НАТО, поради неговата одбрана на данскиот весник што објави карикатура на пророкот Мухамед во 2005-та година, која предизвика гнев во муслиманските земји.
XS
SM
MD
LG