Достапни линкови

Црвенковски: Завршува „потивката фаза“ на СДСМ


На конгресот на СДСМ кој ќе се одржи на 12 септември, се очекува да биде усвоена новата партиска програма, со што ќе заврши „потивката фаза“ од делувањето на партијата, порача лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски на денешната прес-конференција
„ Нема да организираме протести и да го поттикнуваме народот, но ако народот има намера да го искаже своето незадоволство, ќе бидеме на чело“, рече тој.
Црвенковски и забележа на актуелната власт за неисполнети ветувања во однос на странски инвестиции, за, како што рече, режимска медиумска пропаганда, за поделби меѓу народот, за рушење на одредени изградени цивилизациски вредности и достигнати права и слободи, како и за притисоци во судскиот систем.
XS
SM
MD
LG