Достапни линкови

Нетанјаху се сретна со пратеникот на САД за Блискиот исток


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сретна со американскиот пратеник за блискиот исток Џорџ Мичел, кој се обидува да ги обнови израелско-палестинските миривни преговори. Не се соопштуваат детали од разговорите, но се очекува Мичел да побара стопирање на градбата на еврејски населби на Западниот Брег и во источен Ерусалим.
Нетанјаху долго време не сакаша да прекине со градењето, но пред средбата, во Лондон, рече дека сака да се постигне компромис.
Нетанјаху, в четврток, ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG