Достапни линкови

Поранешен ирански претседател оцени дека судењата се погубни


Поранешниот ирански претседател Мохамад Катами оцени дека масовните судења, за постизборните протести во Иран, се погубни за земјата.
Меѓу стотината луѓе што се изведени на суд под обвинение дека ги предизвикале немирите по победата на Ахмадинеџад на изборите, има и неколкумина луѓе што беа на високи државни функции за време на претседателствувањето на Катами, од 1997 до 2005 година.
XS
SM
MD
LG