Достапни линкови

logo-print

Во државниот врв и натаму молк по прашањето за името


Консултации на државниот врв за името

Консултации на државниот врв за името

Во државниот врв, молк во врска со преговорите за името со Грција. Професорот Димитар Мирчев, советник на претседателот на државата, вели дека има индиции дека преговорите се забрзуваат, но решението нема да се случи брзо. Некои експерти, молкот на властите го толкуваат како сигнал дека се работи на одредено решение.

Државниот врв сеуште молчи за тоа во каква фаза се преговорите за името со Грција, по завршувањето на средбите мегу преговарачите и медијаторот Метју Нимиц. Од државните институции нема одговор ни кои се следните чекори што ќе ги превзеде Македонија, ниту пак коментираат било какви изјави поврзани со името. Главните информации сеуште доаѓаат само од Грчка страна. Пред неколку денови македонското МНР излезе со соопштение во кое се повикуваат медиумите да не се потпираат на „шпекулациите “ од грчките медиуми. Професорот Димитар Мирчев, советник на претседателот на РМ, вели дека затвореноста на институциите најверојатно се должи на негативното искуство со проток на информации кои излегле од државниот врв, кои не беа поволни за самите преговори. Но, сепак најновите информации пак се од грчката страна. Вчера грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, во еден говор изјави дека преговорите за името со Македонија влегуваат во нова фаза. Таа изјави дека следните шест месеци се многу важни. Бакојани во говорот ја спомена и Владата на Груевски . Според неа, грандиозни проекти на Владата го туркаат македонскиот народот кон фанатизам и нетолеранција, оддалечувајќи го од евроатлантската перспектива. Според неа, таа е и пораката на ЕУ и на НАТО до Скопје. Професорот Димитар Мирчев вели дека иако има индикации дека преговорите се забрзуваат, сепак тој лично не мисли дека решението ќе биде брзо. Тој за последниот став на Владата вели дека е позитивен.
Порано секогаш сме имале и коментари и експерти кои говореле во полза или против решението и државните институции биле гласни, сега немаме ништо. Според мене тоа значи дека се размислува за некакво решение


„Мислам дека малку е врзан со подобрување на имиџот на Македонија и за положбата во регионот.“

И опозицијата и дел од експертите чекаат на став од државниот врв за решението за името. Секретарот на СДСМ, Андреј Петров вели дека за да не се сфати дека опозицијата ги руши преговарачките позиции на Владата, тие се решиле да чекаат на чекорот што ќе го направат, Премиерот и на Владата.

„Значи ги охрабруваме да влезат во суштински преговори и да водат сметка за сите оние прашања кои можат на земјата да и направат одредени проблеми. Тие бараа да им оставиме простор да го решат проблемот.“

вели Андреј Петров и додава дека молчењето на институциите не е добра тактика.
Аналитичарот Жидас Даскаловски од Центарот за креирање политики, вели дека за разлика од порано сега институциите молчат за решавање на спорот за името.

„Порано секогаш сме имале и коментари и експерти кои говореле во полза или против решението и државните институции биле гласни, сега немаме ништо. Според мене тоа значи дека се размислува за некакво решение.“

Коментирајќи ја изјавата на Бакојани, Даскаловски вели дека македонските евроатлански интеграции зависат од грчката позиција. А на Грција пак не и одговара нашето гледање на историјата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG