Достапни линкови

Нетанјаху во Лондон најави компромис за еврејските населби


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел денеска во Лондон ќе разговараат за еврејските населби. Соединетите Држави бараат од Израел да ја запре изградбата на населбите на Западниот Брег и во источен Ерусалим, по што би се обновиле израелско – палестинските мировни преговори. Израел досега одбиваше, но вчера Нетанјаху, по средбата со британскиот премиер Гордон Браун во Лондон, најави дека е можен компромис. Нетанјаху, кој е во 4-дневна посета на Европа, попладне заминува за Берлин на средба со германската канцеларка Ангела Меркел.
XS
SM
MD
LG