Достапни линкови

logo-print

Пет автомобил- бомби во Авганистан, десетици загинати


Во истовремената експлозија на пет автомобил- бомби во авганистанскиот град Кандахар, според најновиот биланс, загинале најмалку 41 лице, а 66 биле повредени. Претставници на авганистанските власти соопштија дека цел на нападот најверојатно била една јапонска градежна компанија, која вработува главно пакистански инженери. Во експлозијата е уништена канцеларијата на компанијата, а оштетени се и десетици околни згради, така што постои страхување дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем.
XS
SM
MD
LG