Достапни линкови

Младите не заинтересирани за занаетите


Куманово

Куманово

Младите кумановци се помалку се заинтересирани за изучување на занаетчиските струки. Фактот дека младите кумановци не се заинтересирани за занаетчиството е резултат на економскиот колапс, а со уништувањето на индустријата по завршувањето на овој вид образовен профил тие немаат каде да бараат работа.

Со 15 пријавени идни средношколци за конфекциски техничар и со 22 за техничар за обувки во претстојната учебна година во Средното општинско училиште „Перо Наков“ во Куманово ќе останат празни учебни простории за занаетчиските струки, велат во училиштето.

„Во овој августовски рок бројот на учениците е помал во однос на јунскиот. Во СОУ „Перо Наков“ ќе се формираат сите
Што се однесува до струката конфекцики техничар се пријавиле само 15 ученици, а за техничар за обувки само 22 ученици
паралелки,освен оние за третиот образовен степен,бидејќи нема пријавено кандидати ниту за текстилната,ниту за кожарската струка.“

Вели Марјан Алексиќ заменик на директорот во ова училиште.
Тој објаснува дека:

„Во економско- правната и трговската струка се пријавиле 90-ина ученици за во три паралелки, за економски техничар и техничар за трговија и маркетинг две паралелки од по 30-ина ученици и за деловен секретар 32 ученици.“

Меѓутоа:

„Што се однесува до струката конфекцики техничар се пријавиле само 15 ученици, а за техничар за обувки само 22 ученици.“

Вели Алексиќ.
Од ова средно училиште во минатото со генерации излегуваа илјадници занаетчиски кадри кои потоа се вработуваа во фабриките.
Во економско- правната и трговската струка се пријавиле 90-ина ученици за во три паралелки
Фактот дека младите кумановци не се заинтересирани за занаетчиството е резултат на економскиот колапс, а со уништувањето на индустријата по завршувањето на овој вид образовен профил тие немаат каде да бараат работа. Особено што дел од идните средношколци потекнуваат од семејства чии најблиски се невработени токму проади затворените фабрики. Под претпоставка и дека младите ќе можат да се вработат во ситните и мали производствени претпријатија тие и нивните родители преферираат да завршат четиригодишно средно училиште,а потоа преку неколкумесечни обуки колку-толку да ги научат занаетите. Овие млади луѓе се сведоци на состојбата кога во малите фабрички хали последниве години се вработени работници и со завршено високо образование.Со тоа сметаат дека и со ден повеќе образование постои поголема можност за побрзо напредување на работното место.
Со овој социјално-социолошки феномен во Куманово никој не се занимава,или барем за сега никој не ги објавува резултатите од истражувањето.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG