Достапни линкови

Македонија на прагот на шеќерна криза


Протести на работниците во Битола
Протести на работниците во Битола

Дел од вработените во битолската Шеќерана и натаму протестираат, а деновиве ситуацијата кулминираше откако не им дозволија на ангажираните сезонски работници да влезат во фабриката. Менаџментот на фабриката предупредува на опасноста од шеќерна криза, доколку протестите продолжат. .

Шест месеци битолската Шеќерана ја потресуваат штрајкови. Работниците бараат повисока плата, исплата на К15 и потпишување на колективен договор. Го обвинуваат менаџментот дека за цело ова време не нашол за сходно да седне и да преговара со нив. Поради ова, деновиве го радикализираа штрајкот правејќи жив штит пред капијата и не дозволувајќи сезонските работници, за кои тврдат дека менаџментот ги вработил на нивно место преку сестринска фирма, да влезат во фабриката. Со ова, тие го попречија почетокот на новата кампања за преработка на 12 илјади тони жолт шеќер.
Во овој изминат период од шест месеци и покрај сите наши инсистирања до раководството на АД Шеќерана да седниме да преговараме за сите отворени прашања да се регулираат со колективен договор, не вродија со успех. За жал, се уште нема преговори


„Во овој изминат период од шест месеци и покрај сите наши инсистирања до раководството на АД Шеќерана да седниме да преговараме за сите отворени прашања да се регулираат со колективен договор, не вродија со успех. За жал, се уште нема преговори.“

„Раководството врши постојан Мобинг врз штрајкувачите со закани, со уцени, со бркање ако имаат некои нивни вработени тука. Зад нас не стои никој. Прашајте ги луѓето на 50 отсто им е струјата исклучена, сметки што немаат платено за вода и за други работи и како излегуваат накрај со јадење за децата.“

„Ако постои шанса да ни се дозволи ние да поставиме повереник на државниот капитал по наш предлог, мислам дека ќе оди работата напред.“

велат Живко Дамевски од агросиндикатот и штрајкувачите Зоран Велјановски и Драги Лингуровски. Од фабриката укажуваат на опасноста дека доколку работничкото незадоволство продолжи, Македонија ќе остане без шеќер. Претходната кампања фабриката работеше со намален капацитет и користеше струја од ЕВН, кое нешто му нанесе голема материјална штета на работодавачот. Бидејќи работниците кои можат да работат на производство на пареа и електрична енергија се во штрајк, ваквото однесување доведува до анархично работење на фабриката и тотално спречување за производство на шеќер. Бидејќи ја запреа и дистрибуцијата на шеќер постои опасност државата да остане без него.
Ќе се одрази најверојатно на цената на шеќерот која во последно време е многу флексибилна во зависност од пазарната понуда и потрошувачка, така да сигурно ќе дојде до покачување на цената


„Ќе се одрази најверојатно на цената на шеќерот која во последно време е многу флексибилна во зависност од пазарната понуда и потрошувачка, така да сигурно ќе дојде до покачување на цената од страна на увозниците на шеќер кои ќе ја искористат оваа ситуација.“

велат раководителите Зоран Ристевски и Весна Тошевска
Од постаро вработените работници има триесетина кои не го подржуваат штрајкот. Тие ги обвинија штрајкувачите дека имаат задни намери.

„Фактот е друг. Некој нив им помага, а тоа е најверојатно некој кој навистина има корист да не работи Фабриката за шеќер. Тоа ќе има последици-увоз на бел шеќер, високи цени и некоја заработувачка. “

Бугарски „Литекс“, Шеќераната во Битола ја купи пред шест години. Прво згасна репката од која се добиваше бел шеќер, а сега во прашање е доведено и производството на жолтиот.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG