Достапни линкови

Гордон Браун поразен од пречекот на Ал Меграхи


Британскиот премиер Гордон Браун вели дека е поразен од начинот на кој Либија го пречека ослободениот човек, што беше во затвор во Шкотска поради поставување бомба во авион. Тоа е прва реакција на Браун, откако Шкотска реши, поради милосрдие, да го пушти од затвор смртно болниот Абдел Басет Ал Меграхи, кој беше осуден на доживотен затвор. Тој беше осуден поради тоа што поставил бомба во авион на Пан Ам, која експлодираше над шкотскиот град Локерби во 1988 година и уби 270 луѓе. Сепак, Браун нагласи дека одлуката за ослободување ја донела Шкотска.
XS
SM
MD
LG