Достапни линкови

logo-print

Поранешен затвореник од Гвантанамо тврди дека бил мачен


Млад Авганистанец кој се врати дома, откако помина речиси седум години во затворот за осомничени за тероризам Гвантанамо Беј, тврди дека бил малтртиран во затворот.
Авганистанецот Мохамад Џавад, за агенцијата Ројтерс, изјави дека тој и другите затвореници биле терани да јадат со рацете врзани зад грб и дека не им било дозволувано да спијат.
Тој бил затворен под обвинение дека фрлил бомба кој повреди двајца американски војници, пред седум години, кога Џавад имал 12 години.
XS
SM
MD
LG