Достапни линкови

Изедначени изборни резултати во Авганистан


Првите нецелосни резултати од претседателските избори во Авганистан покажуваат дека двајцата главни противкандидати имаат речиси еднаков број гласови.
Изборната комисија соопшти дека, по избројани 10 отсто од гласовите, актуелниот претседател Хамид Карзаи е во благо водство со освоени 41 процент од гласовите. Неговиот главен противкандидат Абдула Абдула добил 39 отсто од гласовите.
Првичните резултати за целата земја се очекуваат на 3 септември.

XS
SM
MD
LG