Достапни линкови

Бомба од 1 тон пливала низ Црно Море


Украинските власти соопштија дека пронашле огромна бомба од Втора светска војна, која пловела низ Црно Море. Министерството за вонредни состојби информира дека противбродовската мина, која тежи еден тон, била забележана на 15 метри од брегот, кај градот Леонидово во регионот на Одеса. Бомбата имала дијаметар од два метри.
Властите ја евакуирале областа и ја уништиле бомбата без да предизвикаат штета.

XS
SM
MD
LG