Достапни линкови

7 повредени во нередите во Косовска Митровица


Седуммина луѓе се повредени во судирите што избија меѓу Србите и Албанците во населбата Брѓани во северниот дел на Косовска Митровица. Припадниците на ЕУЛЕКС и на косовската полиција употребиле солзавец и шок бомби за смирување на состојбата. Агенциите јавуваат дека до инцидентот дошло откако започнало реновирањето на неколку албански куќи. Србите се незадоволни поради, како што велат, непочитувањето на договорениот број куќи за реновирање.

XS
SM
MD
LG